„Вреди“ за Коридорот 8: Овој проект не може да се запре и не е ничија сопственост

Макфакс

24/04/2026

13:57

161

Големина на фонт

а а а

„Вреди“ го поздравува „најновото откритие“ на Демократската унија за интеграција во врска со Коридорот 8, кое, иако со задоцнување, го потврдува она што ние континуирано го кажуваме и докажуваме: овој проект не може да се запре и не е ничија сопственост, велат од таму.

По долг период на контрадикторни изјави и обиди за создавање политичка магла, охрабрувачки е да се види, велат од „Вреди“ дека опозицијата конечно рефлектира и се приближува кон ставовите што „Вреди“ доследно и одговорно ги застапува институционално.

„„Вреди“ потсетува дека нашата посветеност за реализација на Коридорот 8 е јасна уште од првиот ден: станува збор за стратешки проект кој ја поврзува државата со регионот и со Европска Унија, и кој мора да се реализира врз професионални, транспарентни и одржливи основи.

Јасно е дека деструктивната реторика и обидите за политизација на овој проект не донесоа ништо освен конфузија. Затоа, секој чекор кон порационална и поодговорна комуникација е добредојден, дури и кога доаѓа со задоцнување.

„Вреди“ останува цврсто посветен Коридорот 8 да се реализира како модерен, европски проект во служба на граѓаните, кој ќе обезбеди економски развој, посилни регионални врски и одржлива перспектива за државата“.