Зеленски оди во Саудиска Арабија на разговори со принцот Мохамед бин Салман

Макфакс

24/04/2026

13:29

132

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска ќе ја посети Саудиска Арабија, каде ќе разговара со престолонаследникот Мохамед бин Салман, потврди висок украински претставник за АФП.

Посетата доаѓа во период кога Украина работи на зајакнување на соработката со земјите од Заливот, вклучително и во одбранбениот сектор, особено во областа на противдронска заштита.

Ова е втора посета на Зеленски на Саудиска Арабија во последните два месеци, откако при претходната беше постигнат договор за соработка во воздушната одбрана.