[ВИДЕО] Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е инвеститор на зградата во која загина работник

A1ON.MK

24/04/2026

13:21

1.360

Големина на фонт

а а а

Тешка несреќа се случи утринава на градилиште во Скопје, каде четворица работници беа затрупани при ископ, при што едно лице го загуби животот, а тројца се повредени.

Инвеститор на зградата во Кисела Вода каде загина работник е поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски. Тој за САКАМДАКАЖAМ.МК изјави дека земjиштето каде се гради зградата е на неговото семејство, а зградата ја гради фирмата „Јакимовски ДООЕЛ“.

„Трагедија е ова што се случи. Фирмата ‘Јакимовски ДООЕЛ’ е со долгогодишно искуство, сите постапки се запазени, и добиени се сите одобренија за градба. Најверојатно се излизгало ненадејно земјиштето по што дошло до несреќата“, рече Коневски.


Тројцата повредени работници се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде им е укажана медицинска помош.

Според доктор Игор Мерџановски, еден од пациентите се здобил со скршеници на нозете и ќе биде подложен на оперативен зафат, додека другите двајца имаат полесни повреди, меѓу кои нагмечувања и повреда на лактот.