[ВИДЕО] Забележувате ли нешто необично на снимкава? Ова семејство си заштеди 80 евра

Кармин

24/04/2026

11:08

904

Големина на фонт

а а а

„Ако немаш доволно пари за да одиш во Дизниленд, тогаш немој ни да одиш“, напишал еден корисник на социјалните мрежи откако на Икс се појави видео од двајца родители кои практично го прошверцувале своето дете во познатиот забавен парк.

Имено, видеото што го споделил еден корисник прикажува двајца родители како туркаат количка со бебе на влезот во Дизниленд, каде што се купуваат билети, а потоа, кога снимката ќе се зумира, се гледа дека во количката, во тесна положба, кријат уште едно дете. Така парот тајно го внел своето дете, очигледно доволно возрасно за да мора да плати влезница во Дизниленд паркот во Анахајм.

Описот на видеото шеговито гласел: „Дизни е толку скап што шверцуваат деца“.

Корисниците на Икс имаа бројни коментари за оваа бизарна ситуација, која сепак беше снимена со камера. „Што ако детето се задуши?“, прашал еден од нив. „Ова е лудо“, „Какви идиоти“, коментирале други. „Или платете ги тие смешни цени или не одете. Да ги учите децата да бидат крадци не е добар начин“, гласи друг коментар.

На страниците на забавниот парк јасно се наведени ценовниците за возрасни и деца, а нагласено е дека бебињата до три години не плаќаат влез. Најевтината еднодневна влезница за Дизниленд во Анахајм изнесува околу 98 долари, односно 83 евра, за деца од три до девет години, додека за сите постари од 10 години влезницата чини околу 104 долари, односно 89 евра.

Така, овој пар веројатно заштедил 83 евра со тоа што тајно го внел своето второ дете во паркот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk