[ФОТО] Прекрасната Марија Шарапова се надминала самата себе: Со атрактивните детали сите ги засенила

Кармин

20/04/2026

15:50

1.221

Големина на фонт

а а а

Марија Шарапова на доделувањето на наградите „Breakthrough Prize“ во Санта Моника се појавила во фустан кој без многу двоумење заслужи место меѓу нејзините најуспешни вечерни изданија.

Добитна комбинација од тантела и цвеќе

Поранешната тенисерка за оваа пригода избрала раскошен црн фустан со цветен принт, модел што на прв поглед ги спојува романтиката и доза на драма. Во центарот на вниманието било нагласеното деколте обрабено со тантела, детаљ што на целиот изглед му дал посензуален и попрефинет тон, но без претерување.


Фустанот имал изразена вечерна нота, но благодарение на цветниот дезен не делувал тешко ниту предвидливо. Токму тие мотиви ја „омекнале“ темната подлога и внеле впечаток на женственост, додека делот од тантела околу деколтето дополнително ја нагласил елеганцијата на целиот изглед.


Шарапова со овој избор покажала колку добро ѝ прилегаат парчиња што спојуваат класична силуета и впечатливи детали. Станува збор за изглед што не игра на ефектност по секоја цена, туку на складност, впечаток и оној вид гламур што се памети.


Едно од нејзините најдобри изданија

На настанот што често се опишува како своевиден „Оскар на науката“ се собрале низа познати имиња, но Шарапова успеала да привлече внимание токму со одмерен, но многу луксузен моден избор.


Нејзиниот црн фустан со цветен принт и деколте со тантела делувал раскошно, елегантно и многу промислено.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk