[ВИДЕО] Антониа Гиговска и Благица Павловска ја оживеаја „Чукај, чукај“, култниот хит доби модерна преработка

Точка

19/04/2026

17:04

1.465

Големина на фонт

а а а

Две генерации на македонската музичка сцена – поп ѕвездата Антониа Гиговска и фолк легендата Благица Павловска – ги здружија силите во модерна преработка на култниот хит „Чукај, чукај“, песна која првично беше објавена во 1998 година.

Новата верзија носи современ аранжман и свежа енергија, спојувајќи поп и фолк елементи. Видеоспотот премиерно беше објавен на Јутјуб, а во проектот се вклучува и сопругот на Гиговска, Роберт Спасенцовски – Џокер, кој има свој рап дел во песната.

Музиката ја потпишуваат Дарко Димитров и Медо Цун, додека аранжманот е дело на Димитров и Дамир Имери. Продуцент на песната е Димитров, а текстот го создадоа Димитров, Спасенцовски и Павловска. Придружните вокали ги изведува Гиговска.

Видеото е реализирано од продукцијата „Лимитед Рулс“, со директор на фотографија Кристијан Теодоров и тим кој стои зад визуелниот идентитет на проектот. За стајлингот се погрижи Викторија Бурсак, со креации од Дејан Сидор, додека за изгледот на пејачките беа задолжени Даниел Николовски и „Ла Хаир Студио“.

По повод објавувањето, Гиговска испрати емотивна порака до публиката: „Гушкајте се, простувајте и смејте се повеќе. Додека чука срцето, имаме сè. ‘Чукај, чукај’ е за сите вас. Пуштете ја гласно и живејте со срце. Еднаш се живее, нека вреди“.