[ВИДЕО] Падобранец удри во семафор на стадион во САД, натпреварот одложен

Макфакс

19/04/2026

12:14

335

Големина на фонт

а а а

Падобранец вчера се удрил во семафорот на стадионот „Лејн“ пред почетокот на натпревар по американски фудбал на универзитетот „Virginia Tech“.

Од универзитетот првично соопштија дека падобранецот е во стабилна состојба, а инцидентот предизвикал одложување на натпреварот. Неговиот идентитет не е објавен.

Подоцна информираа дека благодарение на брзата реакција на службите, падобранецот безбедно се спуштил и поминал без повреди.

На снимките се гледа како падобранот се заглавил меѓу буквите на натписот „Virginia Tech“ на врвот од семафорот.