Анчелоти за проблемот на италијанскиот фудбал: Серија А ја загуби…

Дерби

18/04/2026

14:56

165

Големина на фонт

а а а

Италија ја загуби моќта во светскиот фудбал и најдобра потврда за тоа е фактот дека оваа земја по третпат во низа нема да биде дел од најдобрите селекции на планевата, поточно ќе го пропушти Мундијалот во САД, Канада и Мексико, нешто што претходно се случи со настаните во Катар и Русија.

Освен репрезентативниот во криза е и клупскиот фудбал, па славниот Карло Анчелоти смета дека Италијанците ја плаќаат цената за напуштање на своите традиционални предности, a тоа е одбраната.

-[Серија А] ја изгуби својата одбранбена цврстина. Веќе ни недостасува талент во другите делови од теренот, но прекумерната контрола на тактичкиот аспект ги наруши нашите карактеристики, оние врз кои отсекогаш сме ја граделе нашата историја.

-Видов натпревари со многу голови, Атлетико Мадрид-Барселона и Баерн-Реал Мадрид понудија возбудливи моменти за навивачите. Но, премногу голови значат и премногу грешки, од голманите и од дефанзивците. Таканаречениот висок притисок, игра човек на човек, вклучува постојани ризици, па затоа резултатот се менува од еден момент до друг. Дури и градењето на акција од позади мора да биде совршено, во спротивно веднаш плаќате за најмалите грешки, -вели Карло и додава:

-Фундаменталната разлика е во темпото, не само во натпреварувачкото темпо на трчање, туку и во менталното темпо, на континуирано учество, на интензитет што не е празна именка и не може да се користи само во одредени фази од натпреварот. Италијанскиот фудбал го изгуби токму ова.

-Одлични странски играчи повеќе не доаѓаат во Италија; во странство, со огромни телевизиски права и моќни инвеститори, се појави поатрактивен пазар. Затоа, Серија А повеќе не нуди меѓународно признати таленти како Фалкао, Марадона, Платини, Крол, Румениге, Роналдо, Роналдињо и сите други од минатото. Од каде учат младите Италијанци?, -подвлече актуелниот бразилски селектор.