Снимал на Криволак и објавувал видеа и слики на социјалните мрежи, полицијата го повика на разговор

Макфакс

16/04/2026

14:13

352

Големина на фонт

а а а

Дваесет и едногодишен жител на Неготино снимал и фотографирал на Криволак, а потоа материјалот го објавувал на социјални мрежи.

Според информациите на МВР, вчера во 13:40 часот, Д.К. (21) од Неготино е службено испитан поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и изработка на скици или цртежи на воени објекти и борбена опрема“, казниво по член 350 од Кривичниот законик.

Тој е осомничен дека на Криволак ги снимал и фотографирал возилата на воениот полигон во конвојот на Армијата и тоа го објавил јавно на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите што ги спроведува армијата.

Јавниот обвинител е известен за инцидентот и по документирањето на инцидентот ќе биде поднесен соодветен извештај, велат од МВР.