[ВИДЕО] Трамп на УФЦ борба додека пропаѓаа мировните преговори со Иран

Макфакс

12/04/2026

09:58

786

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваше на УФЦ борба во Мајами токму кога клучните мировни преговори со Иран пропаѓаа.

Трамп влезе во арената кратко по 21 часот по локално време, во придружба на претседателот на УФЦ, Дејна Вајт и неколку членови на неговото семејство, објави Анадолија.

Таму го пречека сенаторот Марко Рубио, а во близина беше и американскиот амбасадор во Индија, Серхио Гор, објави Асошиејтед Прес.

Пропаѓање на мировните преговори

Додека Трамп се сместуваше на своето место со музиката на „Кид Рок“, разговорите беа во критична фаза. Наскоро пристигна потврда за нивниот неуспех.

Околу 6:30 часот наутро по пакистанско време, Венс објави дека американските и иранските преговарачки тимови не успеале да постигнат мировен договор. Трамп остана доцна во Мајами. И покрај веста за пропаѓањето на разговорите, Трамп остана да ги гледа борбите.

Кејти Роџерс, дописничката на Белата куќа на „Њујорк тајмс“, објави дека претседателот ја напуштил салата веднаш по 23:28 часот по локално време. Нејзиниот колега Тајлер Пејџер, кој патувал со „Ер Форс ту“, објави дека официјалните лица го упатиле Трамп за „понатамошни коментари за тоа што е следно во војната на Америка со Иран“.