Се степаа двајца вработени во хотел во скопски Аеродром, имале расправија за работните задачи

Макфакс

11/04/2026

14:59

231

Големина на фонт

а а а

Доцна синоќа во полицијата била пријавена тепачка меѓу двајца колеги вработени во хотел во скопската населба Аеродром, јави МВР. Ф.И.(28) и Б.М.(36), двајцата од Скопје, претходно имале расправија за работните задачи, а со тепачката го нарушиле јавниот ред и мир.

Обајцата ќе добијат соодветни поднесоци по целосно документирање на случајот.