На локалниот пат кон село Камењане доцна синоќа полицијата сопрела „голф“ со тетовски регистарски таблички управував од 19-годишниот А.Д. кој немал возачка дозвола, а во багажникот превезувал повредно куче.
„При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата питбул, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во селото Камењане. Заедно со возачот, лишени од слобода се и двајца 17- годишни сопатници од село Желино“, соопшти МВР.
За повреденото куче полицијата известила ветеринарен инспектор. Се преземаат мерки за лекување на животното и документирање на случајот. Лицата заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот МВР најави соодветен поднесок.







