Со трактор излетал од патот и паднал во река: тешко повреден завршил на Клиника каде починал

Макфакс

09/04/2026

14:07

156

Големина на фонт

а а а

Во ОВР Гевгелија вчера во 09:15 часот било пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с.Смоквица, констатирани во Општа болница Гевгелија. Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал.

За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.