Мицкоски приреди ручек по повод Велигден: Се испрати силна порака за единство, солидарност и заедничка грижа за доброто на сите

Макфакс

08/04/2026

20:47

185

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски денеска приреди Велигденски ручек, на кој меѓу другите присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан, поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, министри во Владата, пратеници, градоначалници, претставници на медиумите.

„Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина, заедништво и почит кон традицијата.

Овој значаен настан ги обедини претставниците на институциите и општествениот живот во едно заедничко славење на вредностите што Велигден ги носи – надежта, љубовта, простувањето и новиот почеток. Во атмосфера на меѓусебно разбирање и почит, се испрати силна порака за единство, солидарност и заедничка грижа за доброто на сите“, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

„Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици и да изградиме подобра иднина за нашата држава. Со оваа свеченост, уште еднаш се потврди определбата за негување на традицијата и зајакнување на заедничките вредности што нè поврзуваат како народ“.

Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина,...

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday 8 April 2026