Израелски политичари со критики по примирјето: „Трамп испадна слаб“

Макфакс

08/04/2026

11:58

220

Големина на фонт

а а а

Израелски политичари остро реагираа на двонеделното примирје меѓу САД и Иран.

Лидерот на опозицијата Јаир Лапид оцени дека станува збор за политички и стратешки неуспех, додавајќи дека Израел не бил вклучен во одлуките за сопствената безбедност.

Пратеникот Звика Фогел упати порака до американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „слаб“.

Критики упати и Авигдор Либерман, кој предупреди дека договорот му дава време на Иран да се реорганизира.

Дел од израелските претставници изразија загриженост и за ситуацијата во Либан, нагласувајќи дека примирјето не се однесува на тој фронт.

Од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопштија дека Израел ја поддржува одлуката за пауза на нападите врз Иран, но потенцираа дека операциите во Либан продолжуваат.