„Владата на Мицкоски задоцни и не прзеде навреме мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените пораснаа, животот на граѓаните стана поскап а тоа го потврди и Државниот завод за статистика“, велат од СДСМ.
„Трошоците за живот во март се повисоки за 4,9%, а најголемиот ценовен притисок е кај храната и безалкохолните пијалоци со растат од 7,5%, земјоделските производи за 6,4%, што е директен удар врз стандардот и секојдневната трпеза на луѓето.
Мицкоски ги остави граѓаните да преживуваат и за време на Велигденските празници. Наместо да преземе мерки во деновите кога граѓаните повеќе трошат и кога цените најсилно се чувствуваат, Мицкоски најавува мерки по Велигден, се правеле анализи и се чекаат извештаи.
СДСМ предупредуваше со недели и понуди конкретни мерки за заштита на животниот стандард – за намалување на цените на горивата и на храната но Мицкоски реши да ги игнорира. Денеска граѓаните ја плаќаат цената“, соопшти СДСМ.








