Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Макфакс

08/04/2026

10:34

277

Големина на фонт

а а а

Русија соопшти дека пристапот „едностран, агресивен, неиспровоциран напад“ против Иран претрпе „тежок пораз“ откако американскиот претседател Доналд Трамп објави двонеделно примирје меѓу Вашингтон и Техеран, пренесе Анадолија.

„Сите изјави за тоа дека треба да се биде поагресивен, поофанзивен, повеќе да се пишува на социјалните медиуми и дека ‘победата’ наводно е веднаш зад аголот, повторно претрпеа тежок пораз. Истото важи и за пристапот, таков едностран, агресивен, неиспровоциран напад“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за радио „Спутник“.

Захарова истакна дека Русија од самиот почеток инсистирала дека „агресијата“ против Иран мора веднаш да се запре и дека мора да се започне со „вистинско политичко и дипломатско решение“, и дека нема воено решение за ситуацијата.

Трамп објави дека се согласил да „го суспендира бомбардирањето и нападот врз Иран за период од две недели“. Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се стационирани американските воени сили. Исто така, го ограничи и превозот низ Ормускиот теснец.