[ФОТО] Кајли Џенер во минијатурно бикини предизвика лавина реакции: Фановите ѝ порачаа дека никогаш подобро не изгледала

Точка

07/04/2026

20:32

572

Големина на фонт

а а а

Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер позираше во минијатурно бикини, а поради атрактивниот изглед доби бројни комплименти од следбениците на социјалните мрежи.

Покрај бикинито, носеше и ланче за стомак и нараквица. Во описот на фотографиите напиша: „Хидрирана и сјајна“, а комплиментите не престануваат.


„Дефинитивно блескаш“, „Совршено тело“, „Изгледаш како принцеза“, „Откриј нѝ ја твојата рутина за вежбање“, се дел од реакциите.

Таа на Инстаграм откри дека Велигден го поминала уживајќи покрај базен со семејството во вила во Палм Спрингс, а под оваа објава се огласи и нејзината мајка Крис Џенер, која напиша: „Вау, кој ги направи овие фотографии? Одлични се!“.


Инаку, Кајли Џенер неодамна објави дека ја продава својата вила во Хиден Хилс во Калифорнија за повеќе од 20 милиони долари. Таа се простира на 1.280 квадратни метри. Има базен, осум спални соби, осум бањи, кино сала, теретана, соба за масажа...

Тука е и апартманот за гости, како и паркинг со осум места. Кајли Џенер ја купила оваа вила кон крајот на 2016 година за повеќе од 12 милиони долари, кога била тинејџерка.