Уапсен 22-годишен скопјанец поради криумчарење производи

Макфакс

07/04/2026

09:30

218

Големина на фонт

а а а

Ноќеска околу 01:10 часот на улицата „Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода 22-годишниот А.И. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл.278 од КЗ.

При преглед на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација.

По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.