Нетанјаху објави фотографија „пред и потоа“: Го уништуваме иранскиот непријател

Макфакс

06/04/2026

19:39

754

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави фотографија од иранското раководство „пред и потоа“ на социјалните мрежи, со порака дека Израел го уништува иранскиот непријател.

Тој објави две фотографии, едната е „пред“ и на неа се наоѓаат ирански челници, а на втората фотографија „потоа“ ги нема челниците односно се тргнати од фотографијата.

„Продолжуваме со чистката за Пасхата – го уништуваме иранскиот непријател“, напиша Нетанјаху.

Изјавата се вклопува со претходната реторика на израелскиот премиер, кој постојано тврдеше дека Израел и САД „систематски го ослабуваат“ иранскиот режим и неговите сојузници во регионот.