Белата куќа: Трамп не одобрил предлог за 45-дневно примирје

Макфакс

06/04/2026

14:48

213

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп не го одобрил предлогот за 45-дневно примирје во војната со Иран, изјавил висок претставник на Белата куќа, пренесе Ен-Би-Си Њуз.

„Тоа е една од повеќе опции за кои се разговара и претседателот не ја одобрил“, изјавил претставникот, повикувајќи на претпазливост при толкување на информациите за можен договор.

Во меѓувреме, според Ројтерс, на Иран и САД им е претставен план во две фази – итен прекин на огнот, по што би следел конечен договор, со рок од 15 до 20 дена. Во предлогот важна улога има Пакистан.

Паралелно, други медиуми објавија и за посебен предлог за 45-дневно примирје, кој произлегол од интензивни преговори меѓу САД и Иран.

Дипломатските активности се одвиваат во момент кога Трамп врши притисок врз Техеран да го отвори Ормускиот теснец, заканувајќи се со напади врз инфраструктурата.

Се очекува Трамп во текот на денот да ѝ се обрати на јавноста од Белата куќа во врска со војната.