Муцунски во Вашингтон на втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД

Макфакс

06/04/2026

14:19

159

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, каде ја предводи високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која ќе се одржи во вторник.

Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со Соединетите Американски Држави, со фокус на клучни области од заемен интерес, вклучително одбраната и безбедноста, сајбер-безбедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката, како и заедничката борба против транснационалните закани и зајакнувањето на граничната безбедност.

Со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко.