Израел: Нападнат најголемиот петрохемиски комплекс во Иран

Макфакс

06/04/2026

14:18

238

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелската војска го нападнала најголемиот петрохемиски комплекс во Иран, во Асалујах.

„Војската силно го нападна најголемиот петрохемиски комплекс во Иран“, изјави Кац, додавајќи дека по овој и претходни напади, надвор од функција се постројки кои сочинуваат околу 85 проценти од иранскиот извоз на петрохемиски производи.

Според неговите тврдења, комплексот произведува околу половина од вкупното производство на петрохемиски производи во Иран.

Иранската агенција Тасним објави дека биле погодени две петрохемиски компании, без дополнителни детали за штетата.

Кац порача дека на војската ѝ е наредено да продолжи со нападите врз иранската инфраструктура „со целата сила“.