Поранешен советник на Обама: Ќе се види дали американската војска ќе му каже „не“ на Трамп

Макфакс

06/04/2026

11:45

272

Големина на фонт

а а а

Поранешниот заменик-советник за национална безбедност во администрацијата на Барак Обама, Бен Родс, остро го критикуваше пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп кон војната со Иран, јави Би-Би-Си.

Родс изјави дека актуелната стратегија „сè повеќе изгледа како еден човек во една соба да носи одлуки“, додавајќи дека Трамп не ги следи вообичаените процеси и не се потпира на советници.

Тој предупреди дека заканите за напади врз цивилна инфраструктура носат ризик од кршење на меѓународното право.

„Ќе се види дали американската војска ќе биде подготвена да му каже не на Трамп“, изјави Родс, додавајќи дека конфликтот не може да се реши воено, туку преку преговори.

Според него, Иран е ослабен од нападите, но во одредени аспекти и зајакнат, особено преку демонстрација на моќ во Ормускиот теснец.