Челзи го суспендираше капитенот

Макфакс

03/04/2026

14:30

252

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Челзи, Енцо Фернандес, е отстранет од тимот за следните два натпревари, објави тренерот на „Сините“, Лиам Росениор.

Англиските медиуми тврдат дека Фернандес е суспендиран затоа што пред неколку дена дал интервју во кое јавно ја изразил својата желба да се пресели во Реал Мадрид на крајот од сезоната.

„Прво дакажам дека го почитувам Енцо како човек, личност и играч. Тој е фрустриран затоа што сака да бидеме успешни. Што се однесува до одлуката, не е сè до мене, или спортските директори, сопственоста, играчите, сите сме согласни во нашата одлука. Вратата не е затворена за него. Тоа е санкција. Мора да ја заштитите културата и во таа смисла, границата е премината“, објави Росениор на прес-конференцијата.

Челзи е на шестото место во Премиер лигата со 48 бода.