На социјалните мрежи стана хит снимка од жена како бега од полициски автомобил во американска сојузна држава Мичиген.
Жена со лисици на рацете била снимена како побегнала низ прозорецот на полицискиот автомобил. Идентитетот на жената сè уште не е познат, но била уапсена поради прекршување на условната слобода.
Имено полицијата на напуштен паркинг запрела автомобил во кој се наоѓале осомничената и еден маж. Него веднаш го идентификувале, но неа не. Дури по земање отпечаток од прст било откриено дека жената ја прекршува условната слобода.
Тогаш полицајците ја уапсиле и ја сместиле на задното седиште од нивниот автомобил, а снимката што се појави на социјалните мрежи ја прикажува како бега низ прозорецот на полициски автомобил.

Откако полицаецот се вратил до автомобилот и сфатил дека жената не е во него, започнала потрагата, пишува „New York Post“. Жената и натаму е во бегство, но се верува дека по бегството провалила во куќа. Провалата била пријавена еден час откако побегнала. Освен за прекршување на условната казна, жената сега се соочува и со обвиненија за бегство од полицијата и провала.








