161 година од раѓањето на Ѓорче Петров, оддадена почит пред споменикот во Ѓорче Петров

Макфакс

02/04/2026

12:44

115

Големина на фонт

а а а

По повод 2 април, 161-годишнината од раѓањето на Ѓорче Петров, делегација на Општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски оддаде почит со полагање свежо цвеќе пред неговиот споменик во реонскиот парк.

Со овој чин се одбележа споменот на македонскиот револуционер, чие име го носи општината, како траен симбол на борбата за слобода и идентитет.

Градоначалникот Стојкоски посочи дека делото на Ѓорче Петров претставува вредносна насока и денес, особено во процесот на развој и унапредување на локалната заедница.

„Ѓорче Петров не е само историска личност, туку име што нè упатува на одговорност, посветеност и работа во интерес на граѓаните. Неговото дело е поттик да продолжиме да градиме општина со подобри услови за живот, со фокус на младите, образованието и еднаквите можности за сите“, рече Стојкоски.

Од Општината нагласуваат дека заедништвото и солидарноста се клучни во градењето стабилна и просперитетна заедница.