Песков: НАТО е непријателски настроен кон Русија

Макфакс

02/04/2026

12:44

152

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека Русија се однесува кон НАТО како кон сојуз чии активности се непријателски, нагласувајќи дека Алијансата ја смета Русија за непријател и презема соодветни мерки.

Кога станува збор за Северноатлантскиот сојуз, тоа е сојуз кој е непријателски настроен кон нас, сојуз кој нè смета за непријател и презема соодветни непријателски чекори. Така се однесуваме кон тој сојуз“, рече Песков на брифинг за медиумите, одговарајќи на прашање за изјавата на американскиот претседател за евентуалното повлекување на Соединетите Американски Држави од НАТО.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека САД сериозно размислуваат за повлекување од Алијансата бидејќи другите земји од НАТО не учествувале во војната против Иран. Тој за „Телеграф“ изјави дека НАТО никогаш немало влијание врз него и повтори дека го смета овој сојуз за „хартиен тигар“.

„НАТО никогаш не ме убедил. Отсекогаш знаев дека тие се хартиен тигар, а рускиот претседател Владимир Путин, патем, го знае тоа“, додаде Трамп, пренесува Спутник.