Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека информацијата дека земјоделците со факултетска диплома ќе имаат приоритет за субвенции е лажна.
„Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи (facebook страна и група на еден портал) се појавија невистини и дезинформации за наводна предлог мерка за 2026 година. Во објавата незаконски е искористено името на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лажен печат на самото Министерство се со цел да се создаде паника и револт кај земјоделците, Ве замолуваме да не подлегнувате на манипулации, сите мерки, програми се објавуваат на официјалната веб страница и facebook страница на Министерството. Ве уверуваме дека не постои таква предлог мерка“, се наведува во соопштението.
Почитувани земјоделци,
Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи (facebook страна и група на еден портал) се...
Posted by Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство on Thursday 2 April 2026








