Иако сите услoви се исполнети, фирмата на Дака ќе биде исфрлена, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

01/04/2026

13:55

188

Големина на фонт

а а а

Иако сите услови и законски критериуми беа исполнети за посочената фирма на бизнис партнерот на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите потребни законски можности истата фирма да биде исфрлена и да нема можност да гради и инвестира во енергетски објекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на прес – конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

МакедонијаИако сите услoви се исполнети, фирмата на Дака ќе биде исфрлена, велат од ВМРО-ДПМНЕОбјавено пред 48 секунди - 1 април, 2026Од С В

Иако сите услови и законски критериуми беа исполнети за посочената фирма на бизнис партнерот на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите потребни законски можности истата фирма да биде исфрлена и да нема можност да гради и инвестира во енергетски објекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на прес – конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

„Благодариме на СДС, кои доста добро знаат кои се фирми се во директна или индиректна сопственост на Дака и ја споделија информацијата во јавност, и нека не се грижат нема да биде „како до сега’’, фирмата нема да добие можност да се бави во енергетската дејност. Нас овие познавања од страна на СДС за фирмите на Дака не не чудат бидејќи како што слушавме од аудио снимките, 300.000 евра и 2.000 квадратни метри земјиште завршило кај Заев во замена за услуга. Ваквите проруски бизнисмени секогаш се поврзуваат со Филипче, Заев или СДС. Да ја потсетиме јавноста дека освен Дака, проруските бизнисмени Онишченко и Марковски доста добро соработуваа и заработуваа со Заев, Филипче и СДС. Синоним за криминал и корупција се Заев, Филипче и СДС. ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на криминалната власт на СДС, туку напротив, ќе работи чесно, одговорно и транспарентно“, пишува во реакцијата.