Австралискиот премиер Ентони Албанезе предупреди дека наредните месеци би можеле да бидат тешки поради енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток.
„Наредните месеци можеби нема да бидат лесни. Сакам тоа отворено да го кажам. Ниту една влада не може да вети дека ќе ги отстрани притисоците што ги предизвикува оваа војна“, рече тој во ретко обраќање до нацијата.
Тој додаде дека владата ќе направи сè што може за да го ублажи влијанието. „Можам да ветам дека ќе направиме сè што можеме за да ја заштитиме Австралија од најлошото“, рече Албанезе.
,/center>My Address to the Nation. pic.twitter.com/Iaqts9Rd4X
— Anthony Albanese (@AlboMP) April 1, 2026
Граѓаните се повикани да не складираат гориво
Премиерот ги повика граѓаните да не купуваат гориво во паника и да користат јавен превоз наместо автомобили секогаш кога е можно.
„Ако патувате, не земајте повеќе гориво отколку што ви треба – наполнете гориво како што би полнеле вообичаено. Помислете на другите во вашата заедница, особено во руралните области и во клучните сектори“, рече тој.








