Моќта на зборовите е неверојатна. Ако се силни, можат да убијат. Но можат и да лекуваат, да ги отворат сите врати, но и да ги затворат срцата. Исто така, можат да ја променат атмосферата во врската, да направат другата страна да почне да ве гледа на нов начин.
Постојат фрази кои, како што тврдат експертите за секогаш деликатните машко-женски односи, индиректно укажуваат на постоење на достоинство, граници и внатрешна сила. Тие не бараат повишен тон или конфликт — напротив, се изговараат смирено, а сепак влеваат почит.
Мажите не ги почитуваат жените само поради нивниот изглед, иако не кријат дека и тоа им е важно. Често пресудна улога игра и карактерот, кој открива дека пред нив стои рамноправна, достоинствена личност, нескршлива жена која ќе биде способна и да им се спротивстави кога тоа е потребно. Карл Јунг забележал дека „љубовта е препознавање на единственоста на другата личност – затоа не обидувајте се да ја промените, туку настојувајте да ја разберете“. И бил во право, се согласуваат и другите психолози.

Ако жената е навикната да молчи кога е навредена или да се насмевнува кога е повредена, тоа значи дека самата себе не се става на прво место и дека другите нема да ја видат нејзината сила. Но, ако покаже дека има став и мислење, ќе стекне и почит, што е многу важно во свет кој и понатаму им припаѓа на мажите. Експертите за меѓучовечки односи тврдат дека, ако посегне по некоја од овие пет фрази, ќе ја ценат уште повеќе.
1. „Јас не мислам така“
Оваа фраза покажува дека имате свое мислење. Дека сте рамноправни. Тоа мислење треба да се каже смирено и самоуверено, без агресија, затоа што на тој начин ќе се истакнат искреноста и независноста, кои кај другата страна ќе предизвикаат интерес, а пред сè почит.

2. „Ова не е исправно за мене“
Тука нема агресија, но има јасно поставени граници. Мажот – или жената – ќе разбере дека се цените себеси и дека нема да прифатите ништо што би можело да ве повреди. Тоа, воедно, открива и ниво на зрелост, што секоја возрасна личност ќе го сфати како знак дека и другата страна мора да има свој простор.
3. „Нема да дозволам така да се однесуваат со мене“
Ова е реченица што покажува дека нема да толерирате омаловажување. Важно е зборовите да ги поткрепите со дела: ако границите се преминат, заминете достоинствено. Таквата жена предизвикува восхит, бидејќи јасно предупредува: „Не можеш да ме повредиш без последици“.
4. „Можам и сама/сам да се снајдам“
Со еден збор – самодоверба. Другата страна сфаќа дека сте тука од чист избор, а не од потреба. Не ја претворајте независноста во отуѓеност – дозволете да ви се помогне, но не држете се цврсто за тоа. Рамнотежата меѓу нежноста и силата бара почит.

5. „Можеш да мислиш што сакаш“
Оваа фраза пренесува мудрост. Открива дека се почитувате себеси и им давате слобода на другите. Таквата личност не тежнее да им угодува на сите – таа е слободна од осудување и зрачи со самодоверба.
Најважно е наведените реченици да ги изговарате смирено, но сигурно и цврсто. И да ги поткрепувате со дела. Не плашете се од реакцијата: ако другата личност си замине, тоа значи дека не е ваша.









