[ВИДЕО] Американска новинарка киднапирана среде бел ден во Ирак: Се шири драматична снимка

Точка

31/03/2026

20:51

459

Големина на фонт

а а а

Едно лице е уапсено, а по останатите се трага откако денес во Багдад беше киднапирана американската новинарка Шели Китлсон.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи ја потврди веста, наведувајќи дека еден осомничен е приведен и дека се преземаат сите мерки за да се пронајдат другите сторители и да се обезбеди нејзиното ослободување.

На социјалните мрежи се прошири видеоснимка што ја објави „Ал Арабија“, а која го прикажува самиот момент на киднапирањето. На снимката се гледа како Китлсон стои на улица во близина на хотелот „Багдад“ на улицата Ал-Саадун. Набргу ѝ приоѓа автомобил, од него излегуваат мажи кои насилно ја вовлекуваат во возилото и со голема брзина го напуштаат местото на настанот.

Министерството за внатрешни работи извести и за полициската потера што следела. „За време на потерата, возилото на киднаперите беше пресретнато и се превртело додека се обидувале да избегаат“, се вели во официјалното соопштение. Потврдено е дека тогаш бил уапсен еден од осомничените, но Китлсон не била во автомобилот.


Која е киднапираната новинарка?

Шели Китлсон е независна новинарка која со години известува од некои од најнестабилните региони во светот, вклучувајќи ги Ирак, Авганистан и Блискиот Исток. Таа отпатувала во Ирак за да го следи влијанието што актуелниот конфликт меѓу САД и Израел го има врз Иран, со фокус на тоа како се одвива на терен и какви последици остава врз регионот.


Низ годините, нејзините текстови биле објавувани во низа меѓународни публикации како што се „Al Monitor“, „Foreign Policy“, „BBC“, „Politico“ и „New Lines Magazine“. Таа изградила репутација благодарение на известувањата од терен, што вклучувале и следење на борбата против Исламската држава (ИСИС) од првите линии на фронтот. Во својата работа се занимавала и со улогата на проиранските милиции во Ирак.