Тепани свекрва, ќерка, сопруга и татко: Куп пријави за семејно насилство во МВР

Макфакс

29/03/2026

15:46

231

Големина на фонт

а а а

Седум лица биле лишени од слобода за семејно насилство вчера и денеска, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 18 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР – Скопје ја лишија од слобода Х.Ј., на возраст од 41 година, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 66-годишна свекрва. Денеска во 00:35 часот во СВР – Скопје, 41-годишна жена пријави дека вчера со тврд предмет била физички нападната од нејзината свекрва К.Ф., на возраст од 66 години, информираа од МВР.

Вчера во 15:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР – Скопје ја лишиле од слобода С.Д., 46-годишна скопјанка, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 27-годишна ќерка, при што употребила тврд предмет.

Вчера во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР – Скопје го лишиле од слобода З.Л., 56-годишен скопјанец, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга.

Вчера во 10:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода С.Ј., 48-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал.

Во 20 часот пак, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.И., 40-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во неговиот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал.

Вчера во 19:25 часот, полициски службеници од ОВР – Гостивар ја лишиле од слобода В.С., 30-годишна жена од овој град, по претходна пријава од нејзината 73-годишна свекрва дека околу 12:30 часот во домот физички ја нападнала.

Денеска во 04:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР – Струмица го лишиле од слобода Ф.К., на возраст од 27 години од овој град, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга.

Во СВР – Охрид, вчера во 09:20 часот било пријавено од страна на 41-годишна жена од Охрид дека на 22 март, физички била нападната од нејзиниот партнер Г.К..