УЕФА ги шокира Италијанците со изборот за главен судија во Зеница, Французинот ги потсетува на „македонскиот кошмар“

Дерби

29/03/2026

14:00

223

Големина на фонт

а а а

Италија ќе биде гостин на бараж финалето за пласман на Светско првенство во кое за ривал ја доби Босна и Херцеговина, натпревар кој за два дена се игра на стадионот „Билино поле“ во Зеница.

Сите бараж финални натпревари се играат на 31-ви март во ударниот вечерен термин (20:45 часот), а два дена подоцна, УЕФА го одреди судијата кој ќе ја дели правдата на средбата во Босна.

Клемон Турпан ќе биде задолжен за носење на најважните одлуки на баражот за Светско првенство, судија кој дефинитивно не носи добри спомени кај италијанските фудбалери, но и целата јавност.

УЕФА со својот избор ги шокираше италијанските медиуми, бидејќи угледниот француски арбитар буди лоши спомени за „аѕурите“ од последниот бараж од 2022-ра година.

Турпан ја делеше правдата на натпреварот меѓу Италија и Македонија кој се одигра во Палермо, а на кој нашиот тим режираше големо изненадување и победи со 0:1 со голот на Александар Трајковски.

Четири години подоцна, Турпан повторно ќе им дели правда на Италијанците, при што цела јавност на Апенините се надева дека ќе донесе и поинаква среќа.