Иран отсечен од светот, петта недела е без интернет

Макфакс

29/03/2026

13:53

213

Големина на фонт

а а а

Иран е без Интернет 30 дена, при што мерките за сеопфатна национална цензура продолжуваат во петта недела по вкупно 696 часа, според групата за мониторинг на интернетот „НетБлокс“ (NetBlocks).

Поврзаноста со надворешниот свет останува на само еден процент од нормалното ниво.

Некои прорежимски корисници и новинари сè уште имаат неограничен пристап, додека други плаќаат големи суми за да се поврзат на мрежата, пренесе Би-би-си.

Неколку луѓе успеаја да се поврзат користејќи сателитски интернет како „Старлинк“ (Starlink) и други методи, но тоа чини многу скапо.

Во Иран, користењето или поседувањето на „Старлинк“ може да доведе до казна затвор до две години, а властите се обидуваат да спроведат остри мерки против тоа.