„Се распаѓа ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ

Макфакс

27/03/2026

11:49

269

Големина на фонт

а а а

„Еве доказ зошто ВМРО-ОКГ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде се гледа историски пад на ВМРО и веќе тотално непостоење на ЗНАМ“, велат од СДСМ.

„Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ:

Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта. Тие се „тендер коалиција“ – и едните и другите сакаат тендери. Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата. И едниот и другиот имаат ист газда.

Нема политика, само приватен бизнис. Едниот ја издаде партијата, другиот државата. И двајцата удираат врз СДСМ – Максо преку Српска лига, ВМРО преку „Платформа“. Имаат свои играчи – едниот Богдановиќ, другиот Шилегов.

Што најмногу ги поврзува – ЛАГА! Народот сега сè гледа, лагите повеќе не поминуваат!“, соопшти СДСМ.