Круз Бекам го совладале емоции на сцената додека изведувал песна за која обожавателите веруваат дека е посветена на неговиот брат Бруклин.
Младиот музичар настапуваше со својот бенд „The Breakers“ во лондонскиот театар Кортјард пред гордите родители, Дејвид и Викторија Бекам, како и братот Ромео.
Песна за „најосаменото момче“
За време на изведбата на песната „Loneliest Boy“ (Најосаменото момче), која содржи стихови „Најосаменото момче, мама не зборува многу, тоа ѝ го крши срцето“, Круз бил видно потресен. Во еден момент, колега од бендот му пришол, ја ставил раката околу неговото рамо и нежно му ја разбушавил косата за да го утеши.
Обожавателите се уверени дека песната зборува за Бруклин и неговото наводно отуѓување од семејството. Стиховите вклучуваат и реченици: „Се гледа во малите работи што не ги правиш, изгледа на крајот остана само ти, сам со себе. Кажи ми како живееш кога немаш кого да изгубиш?“. Друг стих гласи: „Најосаменото момче, обложи се на него дека ќе најде нешто лошо во некој добар, секогаш му успева тоа. Најосаменото момче, се надевам дека слушаш, не оттурнувај ги сите пријатели од себе кога се обидуваме да ти покажеме љубов“.
Скарани уште од 2022 година
Кавгата на Бруклин Бекам со родителите, Дејвид и Викторија Бекам, со години се провлекуваше низ гласини, но стана јавно потврдена дури кога Бруклин се огласи на Инстаграм на 19 јануари оваа година.
Тогаш порача дека „со години молчел“, ги обвини родителите и нивниот тим дека оделе во медиумите и тврдеше дека лажеле и му го нарушувале односот со Николa Пелц. Во истата објава јасно стави до знаење дека во тој момент не сака помирување, па повеќе не станува збор само за трачеви за заладени односи, туку за отворен семеен конфликт кој самиот јавно го призна.

Позадината на конфликтот датира од венчавката на Бруклин и Никола во април 2022 година, по која се појавија приказни за тензии меѓу Никола и Викторија, а со текот на времето медиумите сè почесто пишуваа дека Бруклин се оддалечил од своето семејство. По истапот на Бруклин, фокусот се префрли на неговото тврдење дека родителите не ја почитувале неговата сопруга и дека приватните семејни проблеми ги изнесувале во јавноста, додека подоцнежните медиумски извештаи дополнително го засилија впечатокот дека тој целосно застанал на страната на Никола.











