Британската пејачка Дуа Липа присуствуваше на забавата на „Bvlgari“ во Милано, каде привлече големо внимание со модното издание од најновата колекција на модната куќа „Balmain“.
Липа, која неодамна беше именувана за глобална амбасадорка на брендот „Bvlgari“, носеше црн кадифен фустан од „Balmain“ колекцијата есен/зима 2026, чиј автор е дизајнерот Антонин Трон.
Креацијата е инспирирана од оригиналниот дизајн на основачот на модната куќа Пјер Балмаин од 1946 година.
Фустанот се карактеризира со длабок V-изрез, нагласени раменици и висок процеп украсен со панделка, додека посебен контраст е постигнат со виолетов сатенски градник кој бил видлив под креацијата.
Токму тој детаљ ги подели мислењата на модните критичари – додека некои ја пофалија храбрата комбинација на тонови, други сметаат дека го нарушува целокупниот изглед.

Стајлингот бил надополнет со впечатлив ѓердан од новата колекција „Eclettica“, украсен со дијаманти и смарагди.
Настанот во Милано собра бројни светски ѕвезди, вклучувајќи ја и актерката Ен Хатавеј, а претставуваше лансирање на новата „Bvlgari“ колекција на висок накит инспирирана од уметноста, архитектурата и скулптурата.











