Иран: Дали американските војници сакаат да умрат за Израел? Ние ги чекаме

Макфакс

26/03/2026

08:35

1.198

Големина на фонт

а а а

Иранскиот воен советник Мохсен Резаи изјави дека неговата земја „чека“ американските трупи да пристигнат во регионот.

„Кога не постигнаa никакви резултати со нивната воздушна моќ, што е нивна главна предност, што очекуваат од копнена операција? Дали американските војници сакаат да умрат за Израел? Ние ги чекаме“, напиша Резаи на платформата Икс.

Резаи неодамна беше назначен за воен советник на врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, а претходно беше командант на Иранската револуционерна гарда.

Иран ги засили одбранбените активности на островот Харг, вклучително и поставување стапици и распоредување воен персонал и системи за воздушна одбрана, како подготовка за евентуален обид на САД да ја преземат контролата врз островот, објави Си-ен-ен.

Според извори цитирани од телевизиската мрежа, иранските сили поставуваат противпешадиски и противоклопни мини околу островот, вклучително и крајбрежните области каде што американските сили би можеле да се обидат да извршат амфибиско слетување.

Иран, исто така, наводно распоредил дополнителни преносни системи за воздушна одбрана (MANPADS).

Во исто време, администрацијата на Трамп размислува за користење на копнени сили за заземање на малиот остров во Персискиот Залив, кој е од клучно економско значење за Иран бидејќи е рутата низ која минува поголемиот дел од извозот на сурова нафта