Почина сопственикот на „OnlyFans“: Леонид Радвински ја загуби битката со ракот на 43-годишна возраст

Точка

23/03/2026

17:30

826

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на страницата за возрасни „OnlyFans“, Леонид Радвински, почина на 43-годишна возраст по борба со рак, потврдија од оваа компанија.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на Лео Радвински. Лео почина мирно по долга борба со рак. Неговото семејство побара приватност во овој тежок момент“, наведоа оттаму.

И покрај огромното богатство и влијание, Радвински ретко се појавуваше во јавноста. Тој одигра клучна улога во трансформацијата на „OnlyFans“ во една од најгледаните дигитални платформи во последните неколку години.

Тој стекна мнозински удел во „OnlyFans“ во 2018 година, години откако платформата ја основаа британските претприемачи Гај и Тим Стокли. Под негово сопствеништво, платформата брзо се развиваше, нудејќи им на креаторите начин да заработуваат директно од претплатниците.


Иако платформата стекна озлогласеност поради објавување експлицитен материјал кој често беше забранет на социјалните мрежи, со текот на времето привлече и поширок спектар креатори, вклучувајќи фитнес тренери, музичари и готвачи.

Популарноста на „OnlyFans“ порасна за време на пандемијата на коронавирусот, кога многумина се свртеа кон онлајн платформи за заработка. Компанијата пријави повеќе од 4,6 милиони креатори и околу 377 милиони корисници во 2024 година, остварувајќи приход од 1,4 милијарди долари. „OnlyFans“ обично зема провизија од 20 проценти од заработката остварена преку претплати.