Дмитриев: ЕУ е последна на ред за руските енергетски компании

Макфакс

23/03/2026

09:56

397

Големина на фонт

а а а

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев изјави дека ЕУ е на крајот од редот за руските производители на енергија.

„ЕУ е на крајот од редот“, напиша Дмитриев на платформата Икс.

Дмитриев во неделата изјави дека знае според кое сценарио ќе се развива енергетската криза во ЕУ и Велика Британија.

Тој одговори на коментарот на корисник на социјалната мрежа Икс, кој изјави дека се чини дека рускиот функционер веќе има сценарио за настаните што се случуваат во моментов, објави РИА Новости.

„Да. Традиционалните медиуми им спречуваат на многу други да ја видат вистинската слика со промовирање лажни наративи што им го заматуваат размислувањето. Многу погрешни одлуки се донесуваат врз основа на лажни наративи и неможност за исправување на грешките“, напиша Дмитриев.

Дмитриев изјави дека ЕУ и Велика Британија ќе се соочат со криза со гориво во следните две до три недели, пренесува Танјуг.