Црна хроникаКривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетнициОбјавено пред 2 минути - 23 март, 2026Од А. O. / Макфакс Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.
Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ „точење алкохол на малолетници”.








