[ФОТО/ВИДЕО] Откриена тајна на континентот: Се наоѓа под мразот, дури и научниците останале без зборови

Точка

22/03/2026

15:00

983

Големина на фонт

а а а

Научниците открија што се крие под мразот на Антарктикот, стар 34 милиони години и тоа не го очекувале.

Од претходно знаеме дека под ледената прекривка стара 34 милиони години, се кријат планини, долини и длабоки корита, но новите истражувања покажуваат дека постојат и огромни рамнини низ источното крајбрежје, што не е очекувано.

Новата студија направена врз основа на специјални мерења, открива „исклучително рамни површини“ низ крајбрежјето на источниот Антарктик кои се протегаат на околу 3.500 километри.

Тие површини кои претходно не биле мапирани, некогаш биле поврзани и се верува дека настанале од делувањето на големите реки поради тоа што источен Антарктик и Австралија се разделиле пред околу 80 милиони години.

Овие рамни области сега се скриени под ледената прекривка и раздвоени со длабоки бразди низ кои поминуваат глечери.

Главниот автор на студијата, д-р Гај Паксман од Универзитетот во Дарама, изјавил:

„Овој пејзаж, скриен под ледената покривка, е еден од најспектакуларните не само на Земјата туку и на било која друга планета во Сончевиот систем. Кога ја проучувавме подлабоката слика, исклучително рамните површини се појавија речиси насекаде“.

Студијата е објавена во магазинот „Nature Seoscience“ каде научниците изнесуваат податоци дека мразот на овие рамни пoвршини се „движи мнoгу побавно“.

Губењето на мразот на Антарктикот го загрижува целиот свет, како последица на глобалното загревање, а спомнатите рамни површини делуваат како „бариери“ кои го забавуваат процесот и можат да ја регулираат брзината на ледениот појас.

Овој заклучок е многу значаен затоа што целосното топење на источниот Антарктик би можело да го зголеми нивото на светските мориња, за околу 52 метри, пренесува „Daily Mail“.