Деми Мур се огласи вчера на Инстаграм по повод 71-от роденден на својот поранешен сопруг, познатиот актер Брус Вилис. Фотографиите и самата честитка разнежнија многумина.
„Сè што ти е потребно е љубов. Среќен роденден, БВ!“, напиша Деми Мур, па додаде: „Генерациска роденденска љубов“.
Дека станува збор за понови фотографии, пишува и „People“, а на тие фотографии Брус Вилис е со внуката Луета Ајзли. Моментите на нежност се и повеќе од љубов.
Да потсетиме, Деми Мур и Брус Вилис беа во брак од 1987 до 2000 година. Тој брак им ги донесе ќерките Румер, Скаут и Талула. Најстарата Румер во април 2023 година роди девојче Луета, кое е прво нејзино дете и на нејзиниот партнер Дерек Ричард Томас.
Ќерката на Брус Вилис сакала нејзиното дете да носи име што на убав начин е поврзано со славниот актер.
„Отсекогаш го сакав името Лу, па размислував тоа да биде име и за момче и за девојче, но кога дознавме дека ќе добиеме ќерка, го смисливме името Луета“, раскажа Румер Вилис, па објасни:
„На татко ми и мене омилени пејачи ни се Луј Армстронг = Лу, Ета Џејмс = Ета, Браќата Ајзли = Ајзли“.
Интересно е што, комбинирајќи ги имињата на омилените пејачи, првично во игра било името Лурета, но Томас ја изоставил буквата „р“ кога се допишувале, па така било преиначено во Луета. Тоа име го прави уште пооригинално.


„Имав чувство како тоа да беше еден од оние моменти на вселенска божествена интервенција, а тоа всушност го сфативме уште во раната фаза од мојата бременост“, истакна познатата наследничка.
Румер се труди Луета да поминува што повеќе време со својот дедо. Девојчето е прво и засега единствено внуче на Деми Мур и Брус Вилис. Славниот актер од 2009 година е во брак со Ема Хеминг Вилис, која вчера објави ваква роденденска честитка во негова чест. Познатиот пар има две ќерки, Мејбел и Евелин.
И Румер Вилис јавно го одбележа роденденот на својот татко, истакнувајќи дека би сакала да танцува со него, нагласи колку е шармантен и дека многу го сака.
На славниот актер во 2022 година му беше дијагностицирана афазија, а во 2023 година дијагнозата беше променета во фронтотемпорална деменција. Од минатата година не престојува во семејната куќа, туку во онаа специјално опремена во согласност со неговата здравствена состојба и потреби. Одлуката за преселување ја донела Ема Хеминг Вилис, поради што многумина ја критикуваа. Деми Мур ја поддржува, па и вчера на Инстаграм го сподели нејзиното ново огласување.















