Уапсен 16-годишник од Кочанско: поради расправија за девојка со пиштол му се заканувал на друг малолетник

Макфакс

20/03/2026

13:17

240

Големина на фонт

а а а

Вчера во 15:45 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото.

Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од с.Оризари, кочанско.

Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор со малолетникот и одземени се пиштол „екол“ калибар 9 мм и рамка со еден куршум.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.