Орбан не се откажува од ултиматумот до Украина

Макфакс

19/03/2026

12:53

156

Големина на фонт

а а а

Унгарија, која го блокира исплаќањето на европскиот заем за Украина во износ од 90 милијарди евра, нема да попушти сè додека Киев не го врати снабдувањето со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, повтори Виктор Орбан во четврток.

„Ставот на Унгарија е многу едноставен: ќе ѝ помогнеме на Украина кога ќе имаме нафта, која тие ја блокираат“, изјави унгарскиот премиер пред новинарите по пристигнувањето на европскиот самит во Брисел.

„Дотогаш не можеме да поддржиме никаков предлог во корист на Украина“, продолжи тој.

Во декември, Виктор Орбан се согласи ЕУ да ѝ додели заем од 90 милијарди евра на Украина, под услов, заедно со Словачка и Чешка, да не учествуваат во заемот.

На Киев му се потребни овие средства за финансирање на војната против Русија во 2026 и 2027 година.

Но, унгарскиот лидер, со посилен националистички став од кога било досега откако започна изборната кампања за парламентарните избори на 12 април, сè доведе во прашање.

Категорично одбива да се согласи на исплата освен ако не се продолжи со снабдувањето со руска нафта за Унгарија преку нафтоводот „Дружба“ што минува низ Украина.