Русите потврдија: Мировните преговори со Украина се паузирани поради војната со Иран

Макфакс

19/03/2026

10:06

209

Големина на фонт

а а а

Мировните разговори меѓу САД, Русија и Украина се на пауза поради војната со Иран, објави весникот „Известија“, повикувајќи се на руски претставници.

Весникот наведува дека Кремљ ја потврдил паузата и дека војната со Иран би можела да го поттикне Киев кон компромис.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседателски претставник Кирил Дмитриев ќе продолжи да работи на инвестициите и економската соработка, но дека трилатералните разговори се паузирани.

„Кирил Дмитриев продолжува со својата работа. Трилатералната група е на пауза“, го цитираше Песков весникот „Известија“.