Папата го критикуваше Трамп: „Војната не е видео игра, медиумите не смеат да шират пропаганда“

Макфакс

18/03/2026

19:24

190

Големина на фонт

а а а

Папата Лав XIV ја критикуваше воената пропаганда во говор оваа недела, во она што се чини дека е прилично јасна алузија на администрацијата на Доналд Трамп.

Папата зборуваше за прикажување на војната како да е видео игра, само неколку дена откако Белата куќа вметна слики од видео игри во својата воена пропаганда за Иран, објави MS NOW.

Зборувајќи пред вработените на италијанската државна телевизија TG2 на 16 март, папата рече дека новинарите треба да „го покажат страдањето што војната секогаш им го носи на луѓето; да го покажат лицето на војната и да го раскажат преку очите на жртвите, за да не се претвори во видео игра“.

„Секогаш, а особено во драматичните околности на војната, како онаа што ја доживуваме во моментов, медиумите мора да се чуваат од опасноста да станат пропаганда“, рече тој.

„А задачата на новинарите, всушност, да ги проверуваат вестите за да не станат гласноговорници на оние на власт, станува уште поитна и деликатна – би рекол, клучна“.

Коментарите на папата следеа по слична осуда од страна на кардиналот од Чикаго, Блејс Купич, кој издаде соопштение во кое ја осудува употребата на снимки од акциони филмови и видеоигри во воената пропаганда на администрацијата на Трамп.