Следува период на променливо облачно време со слаби врнежи од дожд

Макфакс

18/03/2026

17:31

195

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени.